shambala
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomePortalLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез
***ШАМБАЛА е мистично царство скриено зад снежните врвови на Хималаите. Тоа е споменато во неколку антички текстови вклучувајќи Kalachakra и античкиот текст на Џанг Џанг културата која претходи на тибетскиот будизам во западниот дел на Тибет. Шамбала е термин санскрит за местото на радоста, мирот и умереноста***

 

 СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ!

Go down 
АвторПорака
chako
AДМИНИСТРАОР
AДМИНИСТРАОР
chako


Број на мислења : 185
Join date : 2011-08-29
Age : 47
Местолокација : Ohrid

СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ! Empty
ПишувањеПредмет: СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ!   СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ! EmptyСре Aвг 31, 2011 3:23 pm


Највеселата Девојка
Мирисот на смртта веќе го имаше покриено нејзиното снежно бело лице. Во тоа лице беа вгнездени и секогаш зачувани спомените од нејзиниот краток живот, прерано покосен. Нејзиното лице блескаше како на светица, посебно сега, кога телото остана само бледа слика на нејзината душа.
Немаа срце тоа свето парче материја да го стават под земја на милост и немилост на прегладнетите црви, затоа запалија оган и го изгореа. Пламените јазици ја голтаа нејзината мртва појава полека уништувајќи ја сликата која се создавала цели 20 години, сликата од која сите во селото црпеа енергија и среќа, секоја нејзина клетка ја претвораа во пепел, во мрак. Среќата беше изгорена засекогаш, уништена, не постоеше повеќе. Само очајот остана, а тој се преслика и врз сонцето, ветрот, облаците… злите, црни, тешки облаци го прекрија сонцето на животот, а со ветрот завладеа меланхолична мрзоволност. Маглата почна полека да се спушта и се вовлекуваше длабоко во белите човечки дробови, длабоко во нивните срца. Ветрот го немаше, беше заспал, или можеби беше само болен од тага кон неа, неможеше да ја гризне маглата и да ги протера облаците.
Беше доцна есен. Пепелта на девојката беше единствениот останат нејзин спомен. Како што традицијата налагаше, требаше да ја истурат некаде, на место кое неа и беше мило. Тоа и го направија. Во нејзините последни дни, таа обожаваше да шета во големиот, скоро секогаш празен парк близу до местото каде живееше. Девојката беше почината, а паркот беше сеуште истиот, дрвјата темни и полуголи, лисјата распослани по тревата и тесната патека по која имаше дрвени клупи.
Ја истурија пепелта, а во истиот миг воскресна ветрот кој ја одведе и ја распрска низ целиот простор, за да во еден момент да се сосредоточи и од пепелта повторно да се појави насмеаниот лик на девојката облечена во раскошен црвен фустан кој се вееше на ветрот со нејзината долга црна коса. Во дел од секунда се’ повторно се претвори во пепел која ја снема во воздухот. Во просторот се слушна добро познатата смеа на девојката, а ветрот успеа да ја изеде маглата и да ги протера облаците. Излезе сонцето кое го спаси градот од глобалната меланхолија, а кога вечерта се спушти полната месечина го осветлуваше целото небо и се смешкаше. Градот повторно беше жив, во срцето ја имаше душата на највеселата девојка.
СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ! 39136_151110284899639_100000020065001_485678_2641183_a
==================================================================
Tunel
Gospodi Boze,velam i togas pisnuva detski plac od sobata.no uste posilno pisnuva rodilkata.I na toj tazen piskot vleguvame i nie,no vleguvat i svekorot.Se vturnuva so zakrvaveni oci i so srp vo rakata.Po nego pisnuva i negovata zena,pisnuva i staricata sto go drzi deteto,pocnuvaat da piskaat i devojcinjata vo dvorot.Ti mozebi neznaat zs trebit da pistat,no pistat,zatoa so pistit i celata kujka.
Svekorot prvo poglednuva megu nozinjata od deteto i potoa ja faka rodilkata za kosa.Taa duri i ne se obiduva da se brani ili ottima.Duri mislis i deka samata mu ja podava glavata.I toj i ja potkreva i so eden molskavicen zamav,recisi bezgrevno i bez dvoumenje i go presekuva podadeniot grklan.I go pravi toa kako da sece krevok kalun praz.
Rodilkata samo zakrkoruva,i brznuva krvta niz liceto,i glavata i paga so otvoreni oci.Mene mi se svrtuva sobata i mi go snemuva zdivot.Neznam dali sonuvam ili navistina se sluci toa tolku grozno i svirepo ubistvo.
Nemoj i deteto,povtorno pripistuva zenata i se bori,se graba,mu go zema od race.Sto e toa krivo,mu veli.Toa nisto ne znjat-ni dali e masko ni dali e zensko.A neznjat ni dali e rodeno,velit.Toa bez majka i samoto ke si umrit..
Mozebi vistina ne e to krivo,veli svekorot,taa e kriva i za nego...
Zakopajtego zaedno so nea!!! Zar zivo da go zakopame???......
СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ! 37806_151013598242641_100000020065001_485161_4970872_a
Вратете се на почетокот Go down
http://chako.manifo.com/
 
СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ!
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
shambala :: Your first category :: ОПШЕСТВО :: УМЕТНОСТ-
Отиди до: